Лежење на каучот со интересна книга, студена вода и звукот на мачка што преде … Тоа е претставата за мир кај повеќето луѓе. Но што е всушност она што прави мачките да предат?
Многумина мислат дека предењето е израз на среќа, но тоа не е секогаш точно. Може да се претпостави дека е манифестација на задоволство и уживање, бидејќи мачките предат при контакт со мачиња, или кога луѓето ги галат. Но, предењето е реакција и при стресни ситуации, кога животното е под напон или е рането.
Предењето е обично со фреквенција на звукот од 25 до 150 херци. Оваа фреквенција е демонстрација на пријателски односи и намери, но може да има и друга, сосема поинаква страна. Докажано е дека вибрациите во телото имаат лековита цел. Ултразвукот го забрзува заздравувањето на кожата. Вибрации со високи фреквенции ја зголемуваат мускулната сила. Предењето на мачките пак ја зголемува густината на нивните коски. Поради начинот на која што седат, на мачките им е потребен начин на кој ќе ја одржуваат густината на коските. Ова исто така објаснува и зошто предат кога се повредени.
Предењето не е само суперсилата за себелечење. Тоа често се користи и за манипулација. Мачките често предат за да го привлечат вниманието на луѓето и да добијат храна. Но со големата моќ доаѓа и голема одговорност.