Зошто луѓето стануваат Facebook фанови?

Според последните анкети направени од страна на маркетинг компанијата Syncapse, Facebook корисниците ги лајкуваат страниците на определени брендови, само затоа што тие брендови им се допаѓаат, а не поради други причини.

Доколку тоа е навистина така, маркетинг експертите треба да се насочат кон создавање на подобри адвертајзинг реклами на Facebook, отколку да создаваат дирекни call-to-action реклами во мрежата, кои обезбедуваат само лајкови и кликови. Според Syncapse просечната цена на еден Facebook фан, гледано од аспект на маркетингот изнесувала $174 во почетокот на оваа година.

Брендинг рекламите од своја страна пак дозволуваат да се создаде и негува угледот на една марка. Сепак овој тип реклами не им овозможува на корисниците да кликаат и со тоа бројот на кликовите значително се намалува, што се одразува лошо и на враќањето на инвестициите.

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

Еве некои од причините зошто луѓето лајкнуваат определени страници:

Brand-Fans

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -