Зошто луѓето се самоубиваат?

samoubistvo

Зошто луѓето се самоубиваат? Одговорот на ова прашање е во основата на превенцијата на самоубиствата: ако ги знаеме околностите кои ги тераат луѓето да посегнат по животот, тогаш можеме да ги сопреме при намерата.

Еден мит, на пример, е дека самоубиството не е импулсивен чин, туку е прашање на изборот на смртоносни методи и средства на планирање.

Џил Харкави – Фридман, потпретседател на фондација за превенција на самоубиства во САД, цитира последни истражувања, според кои самоубијците имаат тенденција да делуваат избрзано во момент на криза, а многу од факторите за тоа зависат од детали и долгорочни фактори, познати само на нивните најблиски.

Истражувања од Израел покажуваат дека луѓето кои сакаат да стават крај на својот живот, паѓаат во состојба на привремена упорност, на лудило, што лесно може да се промени, ако не успеат да пронајдат “соодветен” начин.

Џил Харкави – Фридман смета дека е потребно да се погледне на времето како фактор. Кога запаѓаат во криза, самоубијците не сфаќаат дека тоа нема да трае вечно. Секоја минута доцнење може да биде спас, додека на лице место пристигнат психолози или блиски пријатели, кои да го поколебаат човекот да се откаже од фаталните намери.

Таа тврди дека самоубиството е сложен личен проблем и ги синтетизира собраните информации на оваа тема.

Импулсивност

Самоубијците не стануваат такви во секунда. Тоа е сложен процес врз кој влијаат долгорочни и скриени фактори, на пример психички или физички болести, трауматски повреди на мозокот, насилство во детството … Тие не водат директно до желбата за самоубиство. Меѓутоа, ефектот од нив може да развие чувство на ќор-сокак и очај, што последователно ја замаглува трезвената дискреција.

Ако човекот има склоност кон самоубиствено однесување, сè може да се случи многу брзо. Решението може да дојде по 5 минути, час, 3, 5 или 10 часа. Мнозинството од луѓето размислуваат три часа. Има случаи во кои преживеаните признаваат дека зажалиле дури во моментот на самиот обид за самоубиство – тогаш сфатиле дека всушност сакаат да живеат.

Внимание

Таканаречената психолошка обдукција обично ги утврдува самоубиствените знаци, дури и кога загинатиот самиот не ги забележал. Всушност, многу луѓе не се дијагностицирани воопшто. Други ги преживуваат самите проблемите и стресот, без да му кажат на никого.

Постои потреба да ги образуваме луѓето да бидат повнимателни кога ќе забележат кај околните промена на расположението и апетитот, употреба на дрога, нарушен сон, губење на тежината, итн. Сето ова може да бидат знаци. Нема една единствена причина за самоубиство. Тука делуваат многу биолошки и психички фактори.

- Реклама -