Дали знаете дека стравот од темнина или „никтофобија“ е многу честа појава кај голем дел од светското население, без разлика на возраста?
Уште поголем проблем е што возрасните кои страдаат од овој страв, многу тешко си го признаваат истиот самите на себе, па така често поминуваат бесконечно долги , непреспани ноќи, придружени со непријатното чувство дека некој има во нивната соба, чувство дека некој ги набљудува кога ќе склопат очи или едноставно, штом светлото ќе се згасне тие се вкочануваат, а сонот никако да дојде.
Многубројните истражувања на оваа тема, спроведени од страна на професорите на Универзитетот „Раерсон“ од Торонто, покажале дека страв од темнина имаат скоро половина од нивните студенти, а дека се јавува најчесто кај оние лица кои подолг временски период страдаат од несоница, пренесува „Да научиме“. Таквите луѓе стануваат раздразливи, нервозни, нерационални, па се лесна мета на вселување на стравот од темнина. Многу често, оние кои страдаат од оваа фобија не се ни свесни дека токму таа е причината за нивните бессони ноќи.
Главниот истражувач во оваа студија понуди и неколку совети како овој страв да се надмине.
Па, ако и вие сте во оваа група, еве што треба да практикувате:
– Обидете се да го победите стравот така што во текот на денот ќе одите во потполно темна просторија и ќе останете таму некое време. Секој нареден ден продолжувајте го времето поминато во просторијата се додека еден ден не се почувствувате сосема пријатно што сте таму.
– Ако во текот на ноќта ве обземе страв, секогаш имајте мала светилка до креветот која ќе можете да ја вклучите, а кога сонот ќе почне да ве совладува – исклучете ја.
– Доколку сте љубител на домашни миленици, земете си некое кое ќе може да спие со вас во собата. Присуството на животинче покрај вас, со сигурност ќе ве смири.