Зошто на старите фотографии луѓето не се смејат?

На старите фотографии речиси секогаш луѓето се смртно сериозни, како да носат товар од сиот свет. Сте помислиле ли зошто се ретки фотографиите на кои нашите предци позираат со насмевка на лицето?

Николас Џивс, уметник, писател и предавач на Уметничкото училиште во Кембриџ, смета дека за тоа постојат две причини.

Првата е тоа што луѓето кои се фотографирале мораат да позираат и по неколку минути, па не било лесно да ја задржат насмевката.

На пример, за една фотографија во 1826 година биле потребни осум часа за да се овековечи „Погледот на Грас“ (Point de vue du Gras) која се смета за првата успешна трајна фотографија во историјата.

16 години подоцна, неговиот соработник Луј Дагер успеал да направи фотографија за 15 минути, но  и понатаму тоа не било доволно за луѓето да се насмеат пред објективот.

6126907490_9185fb9778_o

Втора причина е социјалната природа. Во тоа време, човекот кој се смееле асоцирал на глупав. Сериозната поза создавала впечаток на сериозност и отменост, а насмеаниот израз на необразованост и неприземјеност.

„Во тоа време во Европа, важело правилото дека единствените луѓе кои се смејат се сиромашните, пијаниците, малоуминте и уличните забавувачи“, вели Николас Џивс.

Погледнете неколку детски фотографии од минатото

- Реклама -