Зошто кучињата одат во кругови пред да легнат?

Сигурно сте забележале; пред да легнат, кучињата често кружат околу нивното легло. Се прашувате зошто?

dog-in-bed-02[1]

Ова нивно однесување потекнува уште од праисторијата, кога кучињата немале удобни перничиња, ама имале вроден инстинкт за преживување кој ги научил како самите да си „направат“ удобен и безбеден „кревет“.

Од една страна, дивите кучиња мораат да ја истапкаат високата трева и малите грмушки за на направат удобно легло за себе и своите малечки. Најлесниот начин, во кучешкиот случај, е да се изгази тревата со одење во круг.

Од друга страна, кружењето е и мерка на претпазливост. „Во дивината, тоа е начин да се израмни тревата или снегот и да се избркаат евентуално змиите или некој поголем инсект“, вели Лесли Ирвин, социолог од универзитетот во Колорадо, која има специјализирано на полето на улогата на животните во општеството.

Од трета страна, израмнетата трева е видлив знак, а воедно и предупредување за другите кучиња дека таа територија е веќе „поседувана“ од некое куче и е начин да се избегне непотребната борба за територија.

- Реклама -