Зошто Киндер јајцата се забранети во САД?

Според регулатива на Агенцијата за лекови и храна во САД,  забранета е  продажбата на Киндер јајца, односно на слатки кои во својата внатрешност содржат делови, кои што не се јадат.

Значи, поради капсулата која што се наоѓа внатре во чоколадното јајце, Киндер се сметаат како опасни за децата.

Верувале или не, казната за  криумчарење на Киндер јајца во САД изнесува 2.500 долари за едно јајце, а царината само во текот на 2011 година заплени повеќе од 60.000 парчиња.

Споредба на легално и нелегално во Америка

 

Прочитајте и:  Тимот на Трамп со остри критики за одлуката на Бајден: „Ова е како нова војна, сите претходни калкулации сега се ништовни“
- Реклама -