Зошто Јапонците живеат најдолго?

smile

Никој не живее подолго од Јапонките. Просечната должина на нивниот животен век е 87 години (јапонските мажи живеат по околу 80 години). Се претпоставува дека забележителната долговечност се должи на јапонскиот начин на исхрана – здрава диета, полна со риба и зеленчуци.

За да проверат какво влијание има исхраната врз здравјето на Јапонците, екипа од странски истражувачи испитуваше 79.594 возрасни лица, во текот на 15 години.

Според резултатите, публикувани во The BMJ, кај луѓето кои се придржуваат на официјалните владини препораки за здрава исхрана, постои 15% помал процент на смртност.

11894966695_4dfb28b528_b[1]

Јапонците кои учествуваа во проучувањето се на возраст од 40 до 75 години и доаѓаат од сите делови на земјата. Пополнуваат прашалник во однос на исхраната на секои 5 години.

Покрај тоа што оние со повисоки резултати се одликуваат со 15% помала смртност, која во голем степен се должи на конкретно намалување на смртноста од срцеви заболувања, овие луѓе се посклони и да се омажат/оженат, да пијат зелен чај и – малку чудно – да внесуваат повеќе калории.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

A hearty Japanese breakfast consisting of miso soup with tofu and scallions, salmon, rice and pickles. Credit: iStock kazoka30

Авторите на студијата сметаат дека пониската стапка на смртност се должи на диетата богата со зеленчук и овошје, но и на косумирањето повеќе риба наместо месо. Кај Европејците и Американците е обратно, рибата е во втор план, а во прв се говедското и свинското месо.

Истражувањето покажува и дека испитаниците во целост ги следеле препораките за здрава исхрана. Повторно, тоа не е така кај остатокот од човештвото, а најизразено е кај Американците, од кои дури 87% не ја внесуваат препорачаната дневна доза зеленчук.

Да се копира јапонската исхрана подразбира повеќе од тоа да се јаде суши еднаш неделно. Сепак, тие се доказ, барем според студијава, дека повеќе зеленчук води кон поздрав и подолг живот.

- Реклама -