Состаноци, привлекување, љубов, разочарувања, разделби … Повторно и повторно … Што се случува? Зошто работите така драстично се менуваат?
Сите сме поминале барем еднаш во текот на овој кружен тек. Повеќето – неколку пати. Прашањата остануваат исти, а одговорите варираат. Затоа во серија на написи можеме да размислиме заедно за темите поврзани со партнерските односи, љубовта, тешкотиите и разделбата…
Ќе почнеме со почетокот – причините поради кои се привлекуваат едни или други претставници на спротивниот пол.
Зошто некои луѓе можат да се заљубат суперинтензивно, и тоа на прв поглед? Зошто партнерите во некои парови се многу слични, а други се олицетворение на спротивни крајности? За да успееме да одговориме на овие прашања, ќе треба да се допреме до скриени психолошки желби кои што ја дефинираат суштината на интимните ни врски.
Во последно време многу научници од различни сфери на познанието се обидуваат да ја анализираат природата на машко-женското привлекување.
Според теоријата на еволуцијата на биологијата жените инстинктивно избираат партнер кој може максимално добро да го обезбеди опстанокот на видот, на нашата генерација. Соодветно на мажите им се привлечени млади и убави жени според чистотата на кожата, цврстината и сјајот на косата, ведрината во погледот, стројноста на коскената структура, Суфузијата на усните и образите се квалитети кои сведочат дека жената е во најсоодветната возраст за репродукција.
Според оваа теорија жените пак избираат според малку различни критериуми. Бидејќи младоста и физичкото здравје не се најважните фактори за машката репродуктивна улога, жените бараат главно мажи со изразени алфа-квалитети – гаранција за доминација над останатите претставници на видот и соодветно поголем удел од пленот за домот и семејството. Претпоставката е дека машката доминација, а не младоста или убавината, го обезбедува опстанокот на семејството. Затоа 50-годишен маж, гувернер на голема компанија им е толку привлечен за жените, како и еден млад, животен и снажен, но се уште неуспешен маж.
Според теоријата на социјалната психологија ние ги избираме своите партнери и според тоа колку сме слични.
Дали ни се допаѓа или не, сепак женската младост и физичката привлечност, како и машката сила и социјален статус, влијаат врз изборот на партнер во животот, но тоа не е единствениот индикатор за избирањето.
Ако погледнеме во теоријата на социјалната психологија, ќе видиме дека ние ги избираме своите партнери и според тоа колку сме слични или сме од една „раса”. Со брзината на компјутерот можеме да споредиме и процениме еден човек во однос на нас, според финансискиот статус, социјален ранг, особини на личноста како комуникативност, креативност, хумор … Според оваа теорија тежнееме да бидеме привлечени од слични блиски до нас претставници на спротивниот пол.
Според теоријата на личноста не привлекуваат луѓе кои го зајакнуваат имиџот или сликата, кој што сме го избрале за себе.
Третиот филтер за изборот е теоријата на личноста, според која ние го проценуваме евентуалниот кандидат во зависност од тоа колку тој би ја зголемил нашата самодоверба. Сите ние носиме некаква маска. Според оваа теорија, нас не привлекуваат луѓе кои би го засилиле имиџот или сликата, која самите сме ја избрале за себе. Бидејќи мислењето на другите луѓе за нас се уште е од големо значење, логично и оваа теорија има свое место во однос на привлекувањето.
Дури да земеме и комбинација од трите теории, не ни се дава јасен одговор на тоа, што се одредува врз силата на романтичната љубов и привлечност.
Во животот сретнуваме илјадници луѓе. Ревидирани во филтрите и на трите теории, тие драстично се намалуваат како потенцијални кандидати за нашите чувства. Но, сепак остануваат десетици или стотици кои одговараат на биологијата, социјалната и теоријата на личноста. Сепак на крајот секој од нас се вљубува во двајца-тројца до неколку луѓе во рамките на еден живот. Зошто ли?
Од друга страна, неколкуте претставници на спротивниот пол, во кои успеваме да се заљубиме во текот на годините, на крајот често имаат доста заедничко.
Ако седнете и си направите листа со цртите на мажите / жените во вашиот живот, ќе се изненадите дека ќе најдете сличност помеѓу личните специфики, вклучувајќи и во нивните негативни страни. Се чини дека сите ние несвесно бараме партнери со одредена комбинација од позитивни и негативни карактеристики. За да успееме да ги разбереме причините за оваа особена селективност, треба да ѕирнеме во потсвеста, во процесот на привлекување.
…Продолжува…