Штотуку сте завршиле едно солидно јадење, но сепак имате потреба од нешто екстра. Но не втора порција од лазања туку од нешто слатко. Зошто?
Дури и кога сме најадени добро, нашиот организам продолжува да бара вкусови, па сетилото сосема го заедоволува еден вкусен чоколаден десерт. Постојат неколку објаснувања зошто е тоа така, иако ниту едно не е прифатено сосема. Според некои нутриционисти виновник се хемиските процеси кои се одвиваат во човечкиот мозок.
Потрошувачката на шеќер и други јаглехидрати го зголемува апсорбирањето на аминокиселината триптофан, која се наоѓа во повеќето јадења. За возврат триптофанот го зголемува нивото на серотонин, кој се поврзува со чувството на задоволство. За некои луѓе обилното консумирање на храна може да доведе до симптоми на хипогликемија или клинички синдром кој се манифестира поради низок крвен шеќер. Набавката на нешто слатко е еден од начините да се справи организмот со овој синдром. Според други нутриционисти нашата желба да каснеме нешто слатко дури по обилен ручек има повеќе психолошко објаснување, бидејќи уште од најраното детство децата се навикнати да добиваат десерт со исхраната.
Понекогаш слаткото може да се дава како награда или пак како охрабрување за тоа дека претходно детето го изело здравиот оброк. Желбата за сладок десерт сепак останува дури и кога ја напуштаме детската возраст.