Дури и црвената да ти е омилена боја за автомобил, на авто-саемот во Женева може да ти дојде премногу. За разлика од лани, кога црвените автомобили беа капка во морето, сега во 2017-та се случува апсолутна поплава од такви. Практично секој производител ги претставува своите нови модели во црвена варијанта. Не верувате? Доказот е во галеријата.
Што ли може да е причината за изненадувачката опсесија со црвена? Едно од мошне веројатните објаснувања е дека автомобилските компании едноставно се итри и сакаат да му се допаднат на најголемиот пазар во денешниот свет – Кина, каде црвената боја симболизира добра среќа, а нели, доминира и на знамето.
Црвената боја добива сé повеќе глобална популарност последниве години, иако сé уште е далеку зад вообичаените избори како црната, белата, и сите (50, хехе) нијанси на сива меѓу нив. Сепак, нема никаква пречка, и напротив, паметно е автомобилските компании да ги претставуваат нивните нови модели во најсветлата и најнападната боја, особено што на крајниот корисник пак можат да му продадат стандардна сребрена варијанта. Накратко, црвеното деби на авто-саемите е добра бизнис логика за било кој производител што планира да ги прошири своите хоризонти.