Зошто гориме на сонце?

Да дознаеме што е она што го предизвикува црвенилото.
Интересното е тоа што тоа не е сонцето кое не „пржи“ – црвенилото доаѓа од одбранбениот механизам на нашето тело.

Имено, радијацијата во сончевиот ултравиолетов спректар предизвикува оштетување на ДНК-то на нашите ќелии на кожата.

УВ-А, УВ-Б, и УВ-Ц зраци – Ја знаете разликата? 

Ултравиолетовите зраци (УВ) според нивната бранова должина може да се поделат во три групи: УВ-А (320-400 nm), УВ-Б (290-320 nm) и УВ-Ц (200-290 nm).

УВ-Ц зраците ефикасно се филтрираат од атмосферскиот озон, па според тоа имаат мало влијание на настанувањето на кожниот рак.

УВ-Б зраците само делумно се филтрираат и можат да предизвикаат изгореници, хронични кожни оштетувања и кожен карцином. Со оштетување на озонската обвивка и изложеноста на овие зраци е уште поголема.

УВ-А зраците се користат во солариумите за потемнување на кожата, но и тие предизвикуваат дополнителни оштетувања, покрај оние предизвикани со УВ-Б зраците.

 

Кога кожата ќе започне да го детектира УВ-А зрачењето, рецепторите произведуваат специјални ќелии со името меланоцити кои произведуваат дополнителен меланин и ја потемнуваат кожата.

Од друга страна, УВ – Б зрачењето го оштетува ќелискиот ДНК. Ако премногу ќелии бидат уништени, доаѓа до имунолошка реакција, која изгледа како изгореница.

Ианку, лекарите препорачуваат редовно мачкање со креми со заштитен фактор и избегнување на сонцето во период меѓу 12 и 17 часа.

- Реклама -