Студеното време и ниските температури не приморуваат да ги затвораме вратите и прозорците, за температурата во домот да остане пријатна.
За жал и сушењето на гардеробата мора да се одвива во овие услови, меѓутоа истражувачите предупредуваат зошто мораме да го избегнуваме тоа.
Шкотски истражувачи од Архитектонскиот факултет во Шкотска, востановија дека многу голем дел од домовите имаат преголема влага, а токму сушењето на долната облека и гардеробата во становите е одговорна за 30 проценти од таа влага.
Три четвртини од стотина испитани домови имале влага, прашина и зголемена концентрација на мувла. Нормално, дека ваквиот воздух ќе предизвика појава на астма и слични алергии, особено кај децата.
Вкупно 87 проценти од во домовите каде е спроведена студијата, ја сушат гардеробата во домот на студено време, од кои две третини на радијаторот. Тоа ја зголемува количината на влага, а подоцна доаѓа и до проблеми со дишните патишта.
„ Луѓето гледаат како да ги искористат што повеќе радијаторте и останатите грејни тела во текот на зимата, а не размислуваат дека е неопходно и проветрување во тие студени денови“, објаснува Колин Портеоус, водител на студијата.
Неговиот тим го пронајде решението во воведување на заеднички простор за сушење во зградите, со цел овој проблем да се ублажи.
Истражувачите предупредија и дека доколку често дишете неквалитетен воздух и прав тоа може да доведе до запаление и алергиски реакции, особено астма.
Симптомите на инфекција на дишните патишта вклулчуваат кашлање, замор, иритација на очите, грлото и кожата, главоболка или мачнина.