Курсорот на маусот е толку длабоко врежан во нашето секојдневие, што речиси и да не му обрнуваме внимание. Оттаму, дали сте се запрашале зошто е закосен налево? Има ли некоја посебна причина или се работи чисто за естетски детал?
Маусот, како и поинтерот, се измислени од Даглас Енглбарт, а првичниот изглед бил во форма на исправена стрелка нагоре.
Веќе не е случај, но во времето кога била направена првата XEROX PARC машина, имало добра причина за промената во дизајнот. Со оглед на малата резолуција на тогашните екрани, било полесно да се „нацрта“ права линија, како и коса под агол од 45 степени. Или сликовито кажано:
Инаку, како што објаснува Bart Gijssens на Stack Exchange, овој дизајн подоцна го „позајмил“ и Стив Џобс, а потоа и Бил Гејтс.
Денес, постојат курсори во секакви форми и не е проблем ако го замените, но како стандарден дизајн сеуште се смета закосениот, иако редизајниран, поинтер. Тоа можеби се должи на функционалноста на левата вертикална линија, која многу прецизно покажува каде на хоризонталната X оска се наоѓаме, а можеби и се должи на тоа што дизајнот е целосно функционален, па и совршен. Зошто да се поправа нешто што не е расипано, нели?