Има еден стар американски израз „да се обложиш во големото јаболко” и тој значи дека си многу сигурен во она што зборуваш.
Пред околу сто години изразот за „големото јаболко” почнува да се применува при коњските трки во Њујорк, веројатно затоа што ова бил најважниот центар за слични натпревари или пак поради вредноста на наградите. Од таму употребата на изразот се проширува, за понатаму веќе да започне да се корити и за самиот град, особено во времиња во кои Њујорк бил едно од највозбудливите, растечки и гламурозни места на светот.
По некое време промотивно започнува да се користи фразата, па дури и попатно со слика на големо и сјајно јаболко, бидејќи маркетинг експертите сфатиле дека тоа е добар начин да се охрабрат луѓето да го посетуваат градот.