Зошто дуваме свеќички за роденден?

Роденденската торта го губи роденденското значање без свеќичките.Многумина со детски дух дуваат во нив дури и кога ќе ја поминат 20-тата година. Но зошто?

Прво редиме онолку свеќи, колку што полниме години, потоа користиме свеќи во облик на броеви, потоа повторно само една ( не мора секој да знае колку години полними), чисто за да си ја замислиме желбата со затворени очи.

Beautiful-Birthday-Cake-Pics-8

Славењето на родендените е традиција која што потекнува уште од древниот Египет, а Римјаните свеченоста ја одбележувале со колачиња. Грците правеле округла торта, што ја симболизирало Месечината.

Дувањето во свеќичките и желбата која во тој момент се посакува е од религиозен аспект, односно се работи за „пратка“ до Бог. Многу е важно истовремено да се изгаснат свеќите за пораката да биде испратена.

Инаку, некои народи ставаат повеќе свеќи од годините на славеникот, верувајќи дека така им се продолжува животот.

 

- Реклама -