Тишината прави срцата да се зближат? Можеби е така во куќата на Кети Пери и Џон Мајер.
Двајцата пејачи им е потребен привремен одмор на вокалот. На Мајер му е критично потребно поради неговите вокални проблеми- и така, доста често нивниот дом е многу тивко место.
„Разбрав дека не може да зборува, и единствен начин на кој можеше да комуницира беше преку iPad-от“, вели Пери,29, во интервјуто во петокот во шоуто Ellen DeGeneres Show. „Некои денови морам да одам на целосен одмор на гласот, па во тоа спаѓа и шепотењето. Шепотењето е вслушност многу штетно. Има само многу тишина во нашат куќа голем дел од времето.“
Во меѓувреме, новиот дует на Мајер и Пери. „Who you love“ е за подемите и падовите во врската. И Пери вели дека е среќна што го направила тоа со Мајер додека се заедно во врска.
„Многу се забавуваме кога сме заедно. Знаеш, ја имаме музиката како разбирање и љубов меѓу нас, и се поврзуваме, и е како да ме разбира тоа што го правам затоа што и тој го прави истото. Па ,после долг ден ако било напорно, неморам да му објаснувам, едноставно разбира. Па, знаете поубаво е со такво разбирање.“