Едно истражување покажува дека убавите морски цицачи делат со нас слични гени кои се одговорни за развојот на интелектот, пишува Mail Online.
„Тие разбираат апстрактни поими, на пример” нула “. Можат да прават се што можат и шимпанзата”, вели Лори Марино, невролог од универзитетот Емери.
Нивниот мозок сепак оперира на начин поинаков од оној на приматите. Имено, сме се разделиле во еволуцијата пред повеќе од 95 милиони години, но сепак, кога станува збор за интелигенција, социјалното однесување и комуницирање, некои научници тврдат дека делфините се доближуваат до нас не помалку од нашите најблиски роднини – мајмуните.
„Решивме да го истражиме геномот на делфините, за да видиме дали има слични генетски промени во родословието на делфините во споредба со она на приматите”, вели Мајкл Макгауен од Школата за медицина во државниот универзитет Вејн во Мичиген.
Истражувајќи го геномот на делфинот афала, научниците дошле до слични промени во гените кои се одговорни за развојот на нервниот систем.
„Тоа беше нешто што се надевавме дека ќе го откриеме. Многу студии покажаа дека тие имаат повисоки когнитивни способности “, вели Макгауен.
Делфините можат да се препознаат себе си во огледало и имаат чувство за социјална припадност – знаат не само тоа кои се, туку и на кои групи им припаѓаат. Еден делфин е способен многу брзо да ја утврди здравствената и емоционална состојба на друг делфин – толку подобро комуницираат едни со други, објаснува авторот на студијата.
Прочитај повеќе: Делфините сакаат да слушаат „Radiohead“