Старавина спаѓа во групата на ридско-планински села кои скоро да немаат свој атар со обработливо земјиште. Во 1996 година според законот за административно-територијална поделеност на Р. Македонија, Мариово е поделено на Општините Старавина и Витолиште. Со реорганизацијата во 2004 година Старавина и другите села кои припаѓаа во Општина Старавина (Маково, Рапеш, Брник, Орле, Зовиќ I, Зовиќ II, Ивени, Петалино,Будимирци, Груниште, Старавина и Градешница), станаа составен дел од Општина Новаци.
…По кажување на чичко Петко Петковски-Чуруко (85 год.) името на селото доаѓало од таму што многу одамна тука се одгледувала винова лоза и се правело вино. Со текот на времето плодните берби довеле до вишок на вино кое се складирало и така селото или населбата станала богата со стари вина па од таму и името Старавина.
…Во селото има две цркви, едната посветена на “Св. Николај Чудотворец” која не била зографисана и денес е разрушена, и другата на Св. Богородица изградена во 1860 година, а живописана во 1887 г.
Најголемиот број жители селото го достигнува во 1953 година, кога во Старавина живееле 741 жител. Според пописот 2002 селото брои 23 жители, сите Македонци. Сега нема повеќе од 10-тина.
Селото влегува во рамките на големата Општина Новаци, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Старавина.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Битола. Селото припаѓало на некогашната општина Мaриово во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на некогашната Општина Старавина, во која покрај селото Старавина, се наоѓале и селата Будимирци, Градешница, Групиште и Зовиќ. Општината Старавина постоела и во периодот 1950-1952 година.
Еве извадок од една статија во Нова Македонија за Старавина од пред 2 години:
„На северните падини на планината Ниџе, на 50 километри од градот Битола, на најстратегискиот дел од Мариово е изградена Старавина. Автентична архитектура е распослана околу некогашните житни полиња. Празни трошни домови запоседнале во крајов. Разнишани ѕидови нѐ пречекаа. Катанци надвиснале на дрвените порти. Улиците пусти, крчмата замолчена, тек-тук понекое куче. Со опашот мрда непрестајно, радосно што гледа луѓе, ни го следеше секој чекор низ селото. Чичко Петре Шидлевски, познат по прекарот Компасот, ни кажа дека има едвај десетина редовни жители, но никого не сретнавме во овој есенски ден.
На влезот на Старавина се најубавите куќи, некогаш им припаѓале на војниците. Касарната е тргната малку настрана од атарот на селото. И потоа една по една куќа се нанижани и го трасираат патот. Крчмата „Кај Компасот“ не можевме да ја одминеме, оти крчмарот е со нас.
Маркантно место на сретсело, веднаш до селската црква „Свети Никола“, наново се издигнала куќата на Калеш Анѓа, која сега е етно-музеј. Се чува под клуч. Под тој покрив, меѓу тие ѕидови живеела Анѓа, само малку разубавени и прицврстени. Куќата на македонската хероина Калеш Анѓа е реставрирана со средства од проектот „Жива историја, жива природа“ од ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.“
…
Старавина е село познато по приказната за Калеш Анѓа, мариовска девојка со челична волја спремна и по цена на својот живот да ја зачува својата вера и да не се предаде на прилепскиот кадија.
Таа потекнувала од фамилијата Сирмевци, кои што живееле во ова маало, па кај локалното население оваа куќа е позната како „Куќата на Калеш Анѓа“
Калеш Анѓа била заробена на подмолен начин и нејзиното спасување од домот на кадијата, на некој начин претставува вовед во организирано востание против Отоманската империја или т.н. „Мариовска буна“ во 1564/65 година.
Населението во Мариово и пружило голем отпор на Отоманската војска и во неколку наврати истата и ја совладале. Сепак обиколени од сите страни од далеку помногубројниот непријател, востаниците морале да се повлечат тврдината Пешта, лоцирана помеѓу селата Старавина и Градешница. Неможејќи на сила да ја освои тврдината, Отоманската војска се послужила со итрина и го лоцирала подземниот канал, низ кој што тврдината се снабдувала со вода.
Дел од изжеднетите востаници се одлучиле на борба до смрт на портите на тврдината, а додека пак другиот дел заедно со жените и децата биле земени во заробеништво.
Населението во Мариово и’ пружило голем отпор на Отоманската војска и во неколку наврати истата и ја совладале. Сепак обиколени од сите страни од далеку помногубројниот непријател, востаниците морале да се повлечат тврдината Пешта, лоцирана помеѓу селата Старавина и Градешница. Неможејќи на сила да ја освои тврдината, Отоманската војска се послужила со итрина и го лоцирала подземниот канал, низ кој што тврдината се снабдувала со вода. Дел од изжеднетите востаници се одлучиле на борба до смрт на портите на тврдината, а додека пак другиот дел заедно со жените и децата биле земени во заробеништво.
Поглед кон Тврдината Пешта
По Мариовската буна тврдината ја изгубила својата оригинална намена и била оставена на забот на времето. Денес разрушена, во голема мера и поради бомбардирањето во текот на Првата светска војна, таа останува како нем сведок за бурното минато на овие простори.)
(Легендата за Калеш Анѓа е овековечена во истоимениот роман на Стале Попов. Куќата од каде што потекнува најубавата и надалеку позната мома од селото се уште гордо стои на оригиналните темели во Старавина.
Денес објектот, насловен како куќата на Калеш Анѓа претставува традиционален тип на градба, со правоаголна форма ѕидана од природни материјали (дрво, камен и кал) со функционална и симболичка поделба на „горен“ и „ долен“ дел. Горниот за домакинството, а долниот за стоката. Заради благата мариовска клима познати се отворените чардаци. Ваков чардак среќаваме и кај Куќата на Калеш Анѓа.
Постојат докази дека тврдината Пешта постоела уште од времето на античките македонски кралеви.
Куќата на Калеш Анѓа