291
До пред четвртина век, чиа семето беше сосема непозната храна во светот. Но, чекор по чекор стана кралица на здравите оброци. Имено, семките кои оригинално растат во Гватемала и Мексико имаат толку висока хранлива вредност што секој треба да ги вклучи во своето мени.
Покрај големо количество влакна, кои се неопходни за правилно варење, содржат изобилство на омега-3 масни киселини, калциум, железо, магнезиум, протеини, витамини А, Б, Е и Д… Можат да се користат речиси во се, а најпопуларни се во кашичките и смути
Важно е да ги натопите за прво да ја ослободат слузта која фантастично влијае на варењето.
Доколку сакате да изгубите неколку килограми, ви носиме одличен и здрав рецепт со чиа семе:
* чаша вода (2,5 дл)
* лажица мед
*сок од еден лимон
*лажица чиа семе.
Чиа семето можете да го натопите и час пред тоа, а не е лошо да го киснете цела ноќ. Откако ќе ги измешате сите состојки, можете и да ги изблендирате.