Зошто билијард масите се баш зелени

Best-Eight-Billiard-On-Table-Wallpaper-Desktop

Во 14-от век, постоела игра слична на крикетот што се одвивала на трева, со тоа што топката била водена од некаков вид стап (постоеле разни варијации: закривен, прав, издолжен…) низ разни мети и купови кои играчите се обидувале да ги соборат.

Во почетокот, играта била наменета за кралското семејство и благородното племство, заради што подоцна играта преминала во затворени простори, за да се заштити од временските услови и љубопитните погледи на обичната маса луѓе.

Пишаните записи не се баш најјасни, но се верува дека Французите се тие што први ја преместиле играта на маса. Првата билијард-маса е направена во 1470 година и била во сопственост на кралот Луј XI. Со тек на време, играта дополнително се развивала, а на билијард-масата и се додавани гумени браници и дупки.

Зелената боја останала како резултат на самите почетоци на играта, кога се играла на трева.

- Реклама -