Зошто Белгијците ги зачинија социјалните мрежи со мачиња?

Во Белгија очигледно претстојат уште антитерористички операции, откако вчера властите не успеаја да фатат еден од организаторите на нападите во Франција – Салах Абделслам.

Little domestic cat on a pillow --- Image by © Pinto/Corbis

Нарекуван “најбараниот човек во Европа”, Салах не го завршил делото во Париз и не се разнесе, како што било според плановите на терористите. При нападите сепак загина неговиот брат – Брахим, кој го активира појасот со експлозив крај францускиот ресторан, при што настрадаа 15 лица. Откако беше пронајдена “белгиска” трага во нападите, полицијата на земјата се активира и во срцето на Европската унија беа одржани бројни антитерористички операции. Властите побараа да не се шират информации за нив на социјалните мрежи, во корист на истрагата. Затоа Белгијците најдоа друго решение – тие ги наполнија профилните слики со мачиња. Трендот започна од пародиен сајт кој создаде и специјален херој за оваа намена – Абу Мјау – маче со ремен од експлозиви.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

За време на антитерористичките операции синоќа, кога полицијата ги повика жителите на Брисел да не споделуваат информации за тоа каде се наоѓаат специјалните единици, Twitter и Facebook беа преплавени со слики на на мачиња во секакви улоги, објавени со хаштаг #BrusselsLockdown.

При акциите беа уапсени 16 лица, а портпаролот на полицијата посебно им се заблагодари на медиумите и на Белгијците за тоа дека се усогласиле и не објавиле фотографии од работата на полицајците. Во меѓувреме денес Брисел повторно останува блокиран. Не работат училиштата, градинките и метрото. Властите ги повикаа вработените да работат од дома, а болниците примаат само итни случаи.

- Реклама -