Зошто Белгија?

Само пред една недела Белгија беше земјата на чоколадото, помфритот, извонредното пиво, сумрачните барови, стрипови, архитектура, а Брисел, со прекрасен централен плоштад – Мис на европските институции, една разновидна туристичка дестинација. По нападите во Париз на 13 ноември одеднаш нагло се промени.

Населбата “Моленбек” се покажа како одгледувачница на тероризмот, воопшто град кој заприлега на декор од голема воена филмска продукција. Полицијата воведе највисок степен на опасност од терористички акт, а луѓето беа повикани не само да не излегуваат надвор, туку и да не се наслонуваат на прозорците.

Ова натера многумина да се запрашаат – зошто токму Белгија и зошто токму Брисел?

Секој кој бил во Брисел има слушнато за арапскиот кварт, сметан за сиромашен, неатрактивен и во развој. Пред десетина години, поради лошата репутација таму се појавија неколку “буржоаски боеми” – уметници, дизајнери, воглавно млади луѓе кои сакаа да го променат соседството, но на крајот беа принудени да се повлечат.

Меѓу нив е Тојн Футен кој никако не е изненаден што Салах Абдеслам и Абделхамид Абауд живееле токму во “Моленбек” и го организирале оттаму крвопролевањето во Париз.

белгија1

“Пред 9 години во соседството имаше главно Мароканци кои беа конформистичка и хомогена заедница. Одеднаш се појави исламистичка литература насекаде – беше тешко да купиш нормален весник. Продавниците престанаа да продаваат алкохол. Агресијата се зголеми, бевме навредувани и заплашувани. Знам за жени кои беа прогонувани по улиците, за да си ги покријат лицата “, раскажува тој.

Футен го напуштил соседството минатата година, откако салафистки проповедник настојчиво се обидел да го натера да прифати исламот буквално на улица.

“Моленбек” е познат по отворените пазари на зачини, сушени плодови и храна, кои прават вистинско чувство за Ориенталното во овој далечен и студен крај на Западна Европа. Таму може да се видат жени со бурки, имами во бели мантии, да слушнете разговори на арапски јазик среде типична бриселска градска средина – ниски тесни куќи во тесни улици. Има луѓе кои не зборуваат француски, но тоа досега не било проблем – или барем не за луѓето.

Градоначалникот на “Моленбек”, најголемиот населен регион на Брисел, Франсоаз Схепманс сам признава дека муслиманите се маргинализирани и со нив едноставно “нема допирна точка”.

белгија2

Терористичка туристичка дестинација

Белгија е најпосакувана од екстремистите поради неколку причини. Првата, се разбира, е географската поставеност – меѓу Германија и Франција, каде што тие непречено – или барем досега, можеа да патуваат. Веројатно само во шпионски сценарија злото може да се крие буквално под носот не само на Белгијките власти, туку и на европските.

Другата причина е длабоката политичка, а исто културна и јазична поделба помеѓу валонската и фламанската заедница што периодично прераснува во кампањи за поделба на земјата.

Кралството Белгија има доста комплициран административен уред, бидејќи треба да се гарантира автономијата на двете заедници од една страна, а од друга – функционирањето на општите федерални институции.

Да не заборавиме дека тоа е државата со светски рекорд без влада – точно 534 дена пред лидерите на валонците и Фламанците да постигнат разбирање. Дури во Ирак политичката нестабилност продолжи двојно пократко.

Додека споровите меѓу нив продолжуваат во Белгија беше основана радикалната организација “Шери за Белгија”, која според голем број аналитичари е еден од главните донатори на младинци кои заминале за обука во редовите на “Исламска држава” во Сирија. Претходно оваа година нејзиниот портпарол Фуал Белкачем беше осуден на 12 години затвор за водич на терористичка група.

e86faae1c23344afafeca3ea68a2ced4

Исламскиот екстремизам, всушност, има долга историја во Белгија, иако нападите на нејзината територија речиси беа исчезнати. Белгиска врска е утврдена кај нападите во Мадрид од 2005 година, при убиството на авганистанскиот противник на талибанците Ахмед Шаф Масуд, непосредно пред нападите од 11 септември 2001 година.

Во моментов се смета дека 474 белгиски државјани се ангажирани во сирискиот конфликт, 77 од нив се мртви, 130 се вратиле од џихад, останатите се уште се борат на страната на ИСИС.

Се започнува од 70-тите години на минатиот век, кога Белгија “увезува” проповедници од Саудиска Арабија поради Мароканското малцинство, а нафтената монархија ја гради Големата џамија во Брисел.

Новинарот Мехмет Коксал тврди дека повеќето муслимани во “Моленбек” се умерени – потврдено и од нивната реакција по париските напади, но признава за “нагло радикализирање на се повеќе групи поврзани со салафитите и други организации”, кои проповедаат поделба.

Трето, не само Брисел, туку цела Белгија беше нешто како рајот на оружјето во Европа.

До пред 7 години земјата имаше либерални закони во однос на поседувањето на оружје, а според аналитичарите во тоа време таа била дестинација на арсеналот употребен во Југословенските војни.

n00024822-t

“Релативно лесно е да се здобијат со моќно оружје во Брисел. Ова важи за теророт и сериозниот криминал. Така е, бидејќи нелегалната трговија со оружје предолго беше запоставувана”, тврди Брис де Ројвер, професор по криминологија на Универзитетот во Гент и поранешен советник за прашањата на безбедноста на белгискиот премиер во периодот 2000-2008 година.

Во присуство на толку конфликтна и нестабилна политичка средина, природно, безбедносните служби и органите на редот се првите кои се под влијание. Одделно, во Брисел има 6 полициски власти, а самите регионални администрации често се во политички конфликт меѓу себе.

Се тврди дека полициските ресурси не се оптимално распределени. Буџетските штедења се одразија и на Министерството за правда, а интеграцијата на муслиманската заедница е многу далеку од поимот за успех.

“Најважниот фактор, според мене, е културата на негацијата. Политичката дебата во земјата е доминирана од елитата, кој едноставно верува дека општеството може да се моделира и планира “, коментира Футен.

- Реклама -