Сте се запрашале ли некогаш зошто од толку многу птици, Дедо Мраз го возат елени? И зошто истите тие елени, летаат? Да не се можеби на некоја дрога? Не, не е глупава шега – вистина е.
Скандинавското племе „Саами“ со векови знае дека северните елени – нивните најблиски пријатели, сакаат да си каснат халуциогени печурки.
Не е познато дали тие влијаат на некој начин на животните, но мажите од племето ја пиеле урината на „дрогираните” елени, за да се заразат од нивниот дух.
Се тврдело дека тоа дури може да му даде на човекот способност да лета.
Така, според научниците, благодарение на апетитот на елените да јадат халуциогени печурки, митот за нивното летање најверојатно е вграден во основата на историјата за Дедо Мраз.
Погледнете го сами во овој интересен видеорасказ на БиБиСи.