Зошто авионите имаат овални прозори

airplanewindow

Сите авиони имаат такви. Не ќе да е само заради естетика, м?

Да, всушност има научно објаснување за причината за тоа зошто сите прозорци на авионите се овални. Краткиот одговор е: заради безбедноста на патниците.

На почетокот, прозорците на авионите беа квадратни, по форма. Но, по три авионски несреќи што резултираа од пукнатини близу прозорците, научниците ја открија мааната во почетниот дизајн. Авионите летаат на многу голема висина, а тоа е така затоа што на поголема алтитуда – има помал отпор и помалку турбуленција, што пак води кон поефикасен и поудобен лет.

Летањето на голема алтитуда си има и последици. Прво, атмосферскиот притисок е многу низок на такви висини, па за да можат патниците и екипажот да преживеат, кабината мора дополнително да се компресира. Тука е интересниот дел: притисокот во кабината и притисокот надвор од авионот постојано се менуваат како што авионот се искачува кон повисоко, а тоа создава разлика помеѓу едниот и другиот, разлика која се дистрибуира по должината на трупот на леталото.

Генерално, сакаме колку што е можно порамномерна дистрибуција на притисокот по површината на трупот на авионот. Но, реалноста е дека заради постоењето на прозорци на истиот, притисокот е пренасочен кон страните на прозорецот. Ако прозорците беа квадратни, притисокот во голема мера ќе се концентрира околу аглите, што со тек на време може да предизвика пукнатини на трупот на леталото. Прозорците создаваат еден вид „џебови“, а можете и да го замислите како летање со отворени падобрани. Овалните прозорци, пак, овозможуваат притисокот, дури и кога е пренасочен кон страните на прозорците, да делува колку што е можно поглатко.

avioni

Е така, да си знаете дека и во тоа навидум обично округло прозорче има вложено сериозна размисла и инженерско знаење.

- Реклама -