Зошто Англичаните ужасно лошо изведуваат пенали? (видеа)

Пенал Одговорот на ова прашање не е шега, нути пак стереотип кој вели дека Англичаните станале мрзливи, никогаш не знаеле да играат фудбал, ароганцијата им пречи во концентрирањето или пак дека викаат Дејвид Бекам. Одговорот ни доаѓа од норвешки научници кои се бават со сериозни анализи на различни спортови. Норвежаните успеале да ја одгатнат вековната мистерија што ги мачи островјаните.


Одговорот на ова прашање не е шега, нути пак стереотип кој вели дека Англичаните станале мрзливи, никогаш не знаеле да играат фудбал, ароганцијата им пречи во концентрирањето или пак дека викаат Дејвид Бекам. Одговорот ни доаѓа од норвешки научници кои се бават со сериозни анализи на различни спортови. Норвежаните успеале да ја одгатнат вековната мистерија што ги мачи островјаните.

Истражувањето вели оти изведувачите на ударите од белата точка кои шутнале веднаш откако судијата дал знак (до 2 милисекунди) погодиле во само 57% од шутевите. Оние кои што почекале барем една секунда и зеле здив пред да шутнат, погодиле во 80% од шутевите. Тајмингот по сè изгледа е најважен во изведувањето пенали. Но, сепак имајте на ум дека тоа не значи беспотребно одложување на шутирањето, зашто на тој начин концентрацијата уште повеќе ќе се наруши. Студијата покажа дека фудбалерите чиј пенал бил одложен од судијата (од најразлични причини) имаат успешен шут во помал процент дури и од првоспоменатите „брзачи“.

Англија – Западна Германија (Италија ’90)
{youtube}M2hACQ7DXCY{/youtube}

6 најлоши пенали на сите времиња

{youtube}nIaby1-pf0k{/youtube}

Дејвид Бекам против Португалија

{youtube}t1eXnY7Mofg{/youtube}

Дејвид Бекам против Турција

{youtube}ROvCTscV__s{/youtube}

Како тоа го прават мајсторите….
{youtube}JG_wQgvT9Yk{/youtube}
- Реклама -