Секаде во светот по дифолт се користи метричниот систем на мерни единици (сантиметар, метар), освен во САД, Бурма и Либерија, каде што се користи империјалниот систем (инч, милја). И самите инженери во САД, кои го користат империјалниот систем на мерни единици на дневна основа, признаваат дека е апсурдно ужасен и дека постојано мораат да прават чудни конверзии од милји во метри, од килограми во фунти и сл. Ништо не е еднакво, има милион фактори на конверзија и постојат единици што се наречени „шатменти“. Метричниот систем е далеку посупериорен, но луѓето во САД едноставно не сакаат да го променат досегашното сметање. Следново хумористично видео ќе ви долови зошто упорното држење до империјалниот систем е лудост:
За волја на вистината, многу од единиците во видеово не се користат во секојдневната работа или се исфрлени, но соодветно демонстрира колку е сé хаотично и непрецизно. Во САД се направени бројни обиди да се прејде кон метричниот систем, но сите пропаднаа и тешко дека во скора иднина такво нешто ќе се оствари. Ако ништо друго, во 1960 Националната конференција за тежини и мерки (National Conference on Weights and Measures – NCWM) барем ги дефинираше инчите и фунтите во склад со метрите и килограмите. Значи всушност, империјалниот систем на мерни единици сега е буквално одраз на метричниот: ако дефиницијата за метар се смени, ќе мора да се смени и дефиницијата за инчи или стапки.
Најлошото од сé е што техничката заедница во САД често ги користи и двата, а конверзиите знаат да бидат зезнати и да доведат до многу грешки. Една таква и една изградена зграда може да заврши со големи структурални пропусти. Баш заради тоа, многу од инженерите едноставно самоиницијативно го користат исклучиво метричниот систем. Биди промената што сакаш да ја видиш во светот, нели?