Зоолошката во Скопје ги отвора вратите, но ќе мора да се почитуваат низа правила

Убава и среќна вест за сите – од утре (26 мај, вторник) од 9 часот, скопската зоолошка градина ги отвора вратите за посетителите, соопштија од Скопје ЗОО.

Отттаму ги повикуваат посетителите на повторна дружба и прошетка, но, како што велат, со нов протокол за движење и придржување на мерките.

Една од нив ќе биде носење на маска или марама при влезот во зоолошката. Ќе се чека ред на дистанца од 1.5 метар, на уредно обележани позиции.

Во зоолошката, строго е забрането хранење и доближување до животните. (Научните истражувања покажаа дека од животни на човек коронавирусот не се пренесува, но може да се пренесе од човек на животно. Имавме и пример од зоолошката во Њујорк, каде позитивни на Ковид-19 беа неколку лавови и тигри)..

Отпадоците мора да се фрлаат исклучиво во корпите, а летниковците и детските игралишта нема да смеат да се употребуваат.

Низ зоолошката градина посетителите ќе треба да држат дистанца од другите посетители, а токму од таа причина ќе биде и ограничен бројот на посетители, за да не се создава гужва.

Неодамна, директорот на ЗОО Скопје – Ѓорѓи Галетановски, најави и електронска продажба на влезниците, со цел да не се прават турканици пред билетарницата, со оглед дека се очекува голем интерес за посета на животните, вклучително и поради новитетите во зоолошката, како што се петнаесетте птици – фламинга набавени од Германија

во неодамнешна изјава за весникот ВЕЧЕР истакна дека очекува голем интерес за посета на животните откако ќе се отвори вратата, но за да не се прават турканици пред билетарницата, влезниците ќе се продаваат по електронски пат.

„Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките ❤️“, велат од зоолошката.

- Реклама -