Убавината е минлива, а сепак, одредени жени „изгледаат добро за своите години“, додека другите изгледаат соодветно за својата возраст.
Постојат одредени сигнали што сугерираат дека вашата избраничка ќе изгледа добро и за 20 години. Не е неопходно таа да ги поседува сите подолу набројани, доволна е само една од овие одлики за да наговести дека сте избрале жена што ќе старее грациозно:
- Нејзината мајка изгледа добро. Некои сметаат дека ова е најдобриот показател за тоа што ве очекува. Хеј, сепак, гените се важни. Ако нејзината мајка изгледа добро и сеуште „се држи“, сте направиле добар избор.
- Нејзините пријателки добро изгледаат. Ако најголем дел од нејзиното друштво изгледа добро, шансите се дека и таа повеќе ќе внимава на својот изглед. Логично е што луѓето што се движат во вакви кругови се помотивирани да се грижат за својот изглед, бидејќи се споредуваат со убави луѓе. На крајот, никој не сака да биде најзапуштениот во друштвото.
- Не е многу променета откако сте заедно. Некои жени, додека се во врска, почнуваат помалку да се грижат за себе. Ако таа и понатаму изгледа подеднакво добро, тоа е добар знак. Можете по нешто да извлечете и од нејзините слики од средно школо. Колку се променила?
- Колку сега го негува својот изглед? Жените кои се грижат за изгледот додека се млади, најверојатно ќе продолжат да внимаваат и подоцна, кога годините ќе се наталожат. Дали уште сега избегнува нешта што можат да доведат до прерани бори по лицето? Токму така, тоа е добар знак.