Знаци дека сексуалниот живот ви е катастрофа

Заљубени сте во вашиот  партнер, убаво ви е кога сте заедно, уживате, но кога влегувате  во спалната искрата загаснува? Научниците направија  листа на некои од најчестите знаци дека нешто во кревет не е како што треба.

Расеаност

Првиот знак кој го издава страсното затишје е вашата расеаност. Сакате да останете насамо со партнерот, но постојано мислите  „Дали го исклучив  шпоретот ..?”, „Во колку часот утре беше состанокот ..?”. Доколку таквите мисли  ви шетаат во главата за време на секс, променете нешто. Нормално е да сте повеќе отсутни  за време на секс, ако денот ви бил лош или сте лути, но не е убаво да се грижите за секојдневните проблеми, велат експертите.

00029719

До кога ќе трае?

Наместо да уживате во длабока врска со партнерот, вие ги броите  минутите до крајот, водејќи внатрешен монолог: „Ќе заврши ли ова некогаш? Или „По 10 минути започнува мојот омилен серијал “.

Брзате да се облечете

Третиот сигурен знак дека нешто не е во ред со интимноста е ако брзате да се  облечете  после секс. Тоа е сигурно објаснувањето дека не се чувствувате удобно во близина на партнерот. Можеби  не сте сигурни во себе, но каква и да е причината, треба да поработите сериозно на неа.

o-SUSPICIOUS-WOMAN-facebook

Не експериментирате

Љубовната игра е секогаш иста, започнувате и завршувате на еден начин. Не ги менувате позите, ниту местата на кои водите љубов … Добриот секс овозможува да бидете отворени кон нови искуства, бидејќи никој длабоко во себе не сака да биде само одозгора или одоздола  до крајот на животот.

Фантазија?

Не е лошо понекогаш да фантазирате еден  за друг. Ако сакате нешто поинакво, споделете со партнерот.

01-woman-straddling-man-in-bed-main

- Реклама -