Знаци дека глуми оргазам

Не е паметно да се суди само врз основа на еден или два ситни сигнали, но кога имате повеќе во комбинација, можеби навистина нешто не е така како што изгледа. Овие во продолжение се знаци дека партнерката можеби и не е задоволена колку што сака вие да мислите дека е.

1. Премногу ускладено дишење

Ако нејзиниот израз на лицето ви се чини некако наместен, а воздишките ускладени, можно е дека се преправа дека има оргазам. Во реалноста, луѓето во најблажениот момент имаат чудни изрази на лицето, произведуваат секакви звуци, а воздишките им се сé само не ускладени.

2. Тивка е по завршувањето

Можеби е знак дека ѝ е некако непријатно било што да ви каже, бидејќи е свесна дека одглумила оргазам, па порадо ќе лежи и молчи. Сепак, може и да е обратното – после жежок секс да нема сила и желба било што да изусти, што би било сосема разбирливо.

3. Неспретно се насмевнува

Додека ја гледате среќна што сексот бил одличен (или вам ви така ви се чини), таа делува по малку збунето – како да ѝ е непријатно што не дели подеднакво силна возбуденост како и вие. Обично, по добар оргазам, луѓето имаат блажен израз на лицето.

4. Избегнува да ве погледне во очи

Ако во склоп со тоа и набрзина рече дека било добро, тогаш можете да бидете сигурни дека одглумила. Тоа што избегнува контакт очи во очи сугерира дека се чувствува виновна што не била искрена.

5. Потребна ѝ е стимулација пред сексот

Не зборуваме за предигра, туку на разни стимуланси, како алкохол, дрога, таблети… Ако на партнерката редовно ѝ се потребни такви стимуланси за да дојде до секс, тогаш нешто не е во ред.

6. Изгледа неприродно среќно

Ако во текот на оргазмот вришти и се мрда на сите страни, но сето тоа делува некако преинтензивно, можно е дека се преправа. Од друга страна, некои жени навистина толку уживаат што буквално подивуваат. Како што рековме и претходно, не ги анализирајте сигналите сами за себе, туку во комбинација.

7. Одеднаш сака сé поинаку

Можна опција е дека едноставно посакала само малку да експериментира во кревотот, но сосема можна е и опцијата дека дотогаш се преправала дека сексот бил добар, но решила да ги преземе нештата во свои раце и најпосле да побара промена што ќе ја доведе до прав оргазам и до задоволен сексуален живот.

8. Непријатно ѝ е кога ќе се спомене темата

На пример, се наоѓате во блискиот круг на пријатели и некој споменува нешто на таа тема, а таа наеднаш станува сериозна, замолчува, ѝ поцрвенува лицето и изгледа како да бара спас. Тоа не мора да значи дека ѝ е непријата самата тема секс, туку дека непријатниот дел е темата околу глумење оргазми.

9. Ако ве потапка по рамо по сексот…

И ако тоа оди во комбинација со срдечни пофалби, па и уште насмевка што некако ви делува заштитнички – тогаш сé тоа укажува на сожалување, бидејќи сексот сигурно не бил по нејзин вкус.

10. Ги спомнува оргазмите на своите другарки/пријателки

Особено тоа дека таа и таа во една ноќ доживеала по неколку оргазми. Тоа може да значи дека се обидува да ви даде до знаење дека и таа би сакала да доживее такво нешто, односно дека не е задоволна со сегашната ситуација во креветот.

 

 

- Реклама -