Знамињата на 30-те сојузнички земји пред седиштето на НАТО во Брисел се спуштени на половина копје во знак на солидарност со Турција и турскиот народ поради катастрофалниот земјотрес во земјата.
Постојаното турско претставништво во НАТО соопшти дека им се заблагодарува на сојузниците за помошта што во понеделник почнаа да ја испраќаат во Турција.
Повеќе од 1.400 припадници на персонал за одговор при итни случаи од повеќе од дваесет сојузници и партнери на НАТО – вклучително и поканетите Финска и Шведска – се распоредуваат во Турција, помагајќи да се одговори на разорните земјотреси што ја погодија земјата на 6 февруари. Повеќе од 53.000 турски спасувачи кои први пристигнаа во моментов се на терен, соопшти Алијансата.
Знамињата ќе останат на половина копје сѐ до утре вечер.
Извор: МИА