ЗНАМ: Епохално неспособната СДСМ која му го дозволи дивеењето на ДУИ нема право да го коментира делувањето на ЗНАМ и реакциите кон ВРЕДИ

Епохално неспособната СДСМ во чиј мандат му го дозволи дивеењето на ДУИ во сите институции на државата нема право да го коментира делувањето на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија и нашите јавни реакции кон владиниот коалиционен партнер Вреди.

Ниту новото раководство на СДСМ не е политички созреано да го разбере принципиелниот пристап на Движењето ЗНАМ во смисла на почитување на имплементацијата на заедничката владина програма, како и Уставот и законите на Македонија.

СДСМ се навикнати, по принципот на давање помал отпор, секој да им прави што сака во нивниот двор,  само за да можат да си ги остваруваат сопствените бизнис интереси на нивната врхушка предводена од центарот во Муртино.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Е, тоа кај Движењето ЗНАМ-За наша Македонија не поминува.

При преговорите со ВМРО ДПМНЕ за наше учество во владата ги дефиниравме принципите за функционирање на владата и ние конзистентно се држиме до тоа.

Движењето ЗНАМ-За наша Македонија секогаш јавно ќе реагира доколку има нарушување на овие принципи.

На нелегитимно поставениот Претседател на СДСМ и директор на фондацијата Заев му препорачуваме повеќе време да инвестира во обновата на неговата партија со нарачка на соодветна инфузија, затоа што партијата се наоѓа во прединфарктна состојба, отколку да се грижи и да ги коментира политиките на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија.

Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Сектор за односи со јавност

- Реклама -