Знаете ли сѐ за пенисот?

За мажите и пенисот сѐ уште има некои нерешени прашања, а за да станете експерт во оваа област, ви претставуваме интересни факти за чувствителноста, задоволството и големината на пенисот.

Важноста на ерекцијата

За да го одржите вашиот пенис во форма, треба да имате редовна ерекција, а професорот по урологија од Универзитетот во Јужен Илиноис, Тобиас Колер, укажува дека ерекцијата мора да биде секојдневна вежба за пенисот. За одржување на здрав мускулен тонус, пенисот понекогаш мора да биде збогатен со кислород и наплив на крв, што го зголемуваат пенисот и предизвикуваат ерекција.

Импулсите во мозокот, пак, предизвикуваат ерекција за време на спиењето, особено за време на РЕМ фазата, а оваа појава воопшто не е поврзана со тоа што сонувате. Сепак, некои мажи не можат да доживеат ерекција, а тоа може да биде предизвикано од некоја траума или оштетени нерви и крвните садови поради дијабетес.

„Ако ерекцијата е периодична, пенисот може да се скрати. Всушност, без редовна ерекција ткивото на пенисот станува помалку еластично, што може да го скрати пенисот и до два сантиметри“, вели Колер.

Mens Fashion summer 2011 Underwear Pool Lounge midi Briefs

Големината на пенисот не влијае на неговата големина во ерекција

Во една студија во која биле вклучени 80 мажи, истражувачите откриле дека зголемувањето на пенисот од опуштена состојба до ерекција значително се разликува кај различни мажи. Така ерекцијата може да го зголеми пенисот од 0,6 до девет сантиметри. Сепак, според научниците, големината на пенисот во опуштена состојба не влијае на неговата големина во ерекција. Иако многумина претпоставуваат дека маж со голем пенис во опуштена состојба ќе имаат поголем пенис во ерекција од мажите со мал пенис, тоа не е правило.

Зона на задоволство

Многу мажи веруваат дека главата на пенисот и неговио долен дел се најчувствителни на сексуалното задоволство. Истражувачите во една студија испитале 81 здрав маж да ја оценат еротската чувствителност на различни делови од телото, вклучувајќи го и пенисот, но исто така и области како што се скротумот, брадавиците, вратот и анусот.

blue-dominik-mens-modal-body-thong-underwear-3065-great-quality-8a8c5a66-800x800

Долниот дел на пенисот и главата се покажале како најчувствителни за повеќето мажи, по што следува долниот дел на главата, левата и десната страна на пенисот.

Чувствителноста се намалува со возраста

Истражувањата покажуваат дека во текот на годините пенисот ја губи чувствителноста, иако тешко е да се утврди до кој степен. И покрај разликите во студиите, податоците покажуваат јасен тренд на намалување на чувствителноста со возраста. По 25. година чувствителноста се намалува, а најголем пад на чувствителноста има на возраст меѓу 65 и 75 години.

Пенисот е поголем отколку што изгледа

„Голем број на мажи ќе бидат горди кога ќе дознаат дека нивниот пенис е всушност двапати поголем отколку што мислат”, вели Келер. Всушност, половина од должината на пенисот е во внатрешноста на телото и всушност има форма на бумеранг.

867217_fpx

Кожата на пенисот е живеалиште на многу бактерии

Лекарите од истражувачкиот центар Translational Genomics користеле генетски тестови за идентификација на бактерии кои се наоѓаат на пенисот. Нивната студија покажа вкупно 42 уникатни видови на бактерии кои живеат на кожата на пенисот. Сепак, бактериите во обрежаните и необрежаните пениси се различни. Обрежаните пениси, открива студијата, имаат помал број на бактерии.

- Реклама -