Знаете ли каква облека НЕ ТРЕБА да носите кога грми?

Невремето од Европа стигна и кај нас. За најдобра заштита од грмотевици сите знаеме дека треба да седиме на затворено. Но, што ако мора да излеземе?

За да се заштите од удар на гром освен што не треба да бидете на отворено, во шума или под осамени дрва, треба да знаете и каква облека да носите. Кога грми не е добро да носите облека од синтетика, туку од природни материјали.

Thunder_at_Sai08

При невреме најсигурно е во автомобил. Тој е добра заштита затоа што има метален оклоп и гуми кои претставуваат изолатори.

Реално шансите да удри гром во човек се многу мали, но сепак постојат. Смртноста е од 10 до 30 проценти, а голем број преживеани ги трпат последиците со години. Може да предизвика промени на сите органи, а најчесто се чувствуваат промени во ритамот и застои на срцето.

- Реклама -