Кога ќе ни текне на Џери, веројатно прво го замислуваме Том, а потоа сирењето.
Интересно е што токму цртаните филмови, ја создале таа лажна слика, па сите веруваме дека омиленото јадење на глувците е сирење, а зајаците се хранат со моркови.
Глувците всушност воопшто не се љубители на сирењето. Малите глодари не го поднесуваат интензивниот мирис на поголемиот дел од млечните производи. Исто така, зајаците не би смееле да јадат многу моркови, затоа што тоа за нив е како чоколадни стапчиња за луѓето.
Биковите всушност не ја мразат црвената боја, туку матодорите ја одбрале таа боја за да ги сокријат трагите од крв после бодењето.
Уште еден популарен мит е дека кучешките години се како седум човечки, но тоа зависи од големината на кучето – колку е помало кучето, тоа подолго живее.