Неверната жена е ноќен кошмар кој прогонува голем број мажи. И самата помисла дека вашата жена прегрнува некој друг предизвикува голема мачнина. Затоа е важно да умеете да ги препознаете знаците.
Не значи дека е секогаш така, но наглите промени во однесувањето се можен знак за неверство.
1. Веќе не е толку благодарна
Одеднаш не сте и потребни како претходно. На пример, ако ве консултирала често или сте и биле потребен за многу нешта, но одеднаш е премногу самостојна, запрашајте се што е причина за тие промени. Сепак, немојте да бидете параноични, можеби постои некое едноставно објаснување, но вреди да размислите.
2. Не можете да ја налутите
Претходно се лутела често и не сте можеле за некои работи да најдете заеднички јазик, но одеднаш ништо не ја лути. Рамнодушноста кај жените е опасна појава. Можеби навистина научила да го контролира бесот, но внимавајте да не е ова знак дека пронашла нова страст.
3. Премногу е таинствена
Повеќе не ви раскажува детали од нејзиното секојдневние. За да дознаете како го поминува времето, посегнувате по нејзиниот телефон. Во последно време се помалку има што да каже.
4. Нападот и е најдобра одбрана
Кога ќе ја прашате нешто, одеднаш вие сте на тапет. И поставувате некое безизлезно прашање, па таа веднаш се вознемирува и ве напаѓа.
5. Одеднаш е претерано внимателна
Претходно не било така, но сега е полна со внимание. Ви говори дека ве сака и ви прави многу услуги кои претходно не би и паднале на памет. Можеби сето тоа го прави поради грижа на совеста?