Значењето на прстените според тоа како ги носиме

Како ист прстен може да покажува различно нешто за карактерот на човекот или да влијае различно врз него самиот? 

Според многумина важно е на кој прст го носиме прстенот, како и неговата големина. Колку е истиот помасовен, толку е појасно за каква личност станува збор. Еве што ни препорачуваат експертите во областа на астрологијата и психологијата.

Ако еден човек е поагресивен, повеќе страствен и експанзивен, тогаш се препорачува да носи прстен на палецот. Според психолозите, носењето на прстен на палецот ја смирува агресијата и ги прави односите помирни и хармонични.

4e7f463db53767173a3f4647a5ff611a

За луѓето кои се посрамежливи и грешат е препорачливо да носат прстен на показалецот. Кога прстенот е поставен на овој прст, човекот ја зголемува самопроценката, ја зголемува вербата во сопствените сили. Освен тоа, се смета дека ова носи успех и благосостојба.

2

На средниот прст се препорачува да се носи наследен прстен . Се верува дека ако таму го носиме прстенот тој ни помага да се движиме посмело напред, да се спротивставиме и да се носиме успешно со страдања.

3

Прочитај повеќе: Зошто бурмата се носи на четвртиот прст?

Најважниот прст можеби е четвртиот. Обично на овој прст носат прстени луѓе кои ја сакаат естетиката , познавачите на убавината и луксузот. Се смета дека ако се стави прстенот токму таму, тој ќе ви донесе богатство и слава. Освен тоа знаеме дека таму се носат како вереничките , така и венчалните прстени . Тоа е така, бидејќи се смета дека носењето прстен на овој прст помага за зајакнување на семејството и на кохезијата меѓу луѓето.

weddingring

А најмалиот прст на раката ги заштитува дипломатите , бизнисмените, лекарите, политичарите и аналитичарите. На оние кои имаат потреба од помош во било која од овие области, или за развој на аналитичката мисла, или флексибилноста на умот, се препорачува да носат прстен на последниот прст.

SR0011_03

Некои луѓе веројатно имаат корист од овие препораки на специјалистите. Но не е важно да се сообразуваме со нив, туку да оставиме внатрешниот глас во нас да проговори.

Можеби ние самите потсвесно избираме точно на кој прст да го носиме прстенот. Сепак, најважно е да ни се допаѓа и одговара.

Прочитај повеќе: Никогаш не би се сетиле: Зошто пиратите носеле обетки?

- Реклама -