Славата и моќта кои ги имаат покрај своите сопрузи очигледно се посилни од нивната гордост и озборувањата на животната околина.
Шабан и Гордана Шаулиќ
Гоца Шаулиќ неколку години му гледа на сопругот низ прсти тоа што ја изневерува со три пати помладата печајка Ивона Неговановиќ. Се вели дека Гоца Шабан наводно враќа со иста мера и поради тоа сè толерира. Меѓутоа, на Гоца не ѝ било сеедно кога Цуца јавно ја обелоденила врската со кралот на народната музика. Притисокот на јавноста на сопругата на Шабан станал неподнослив, но бракот и понатаму го штити од сите.
Жељко и Милица Митровиќ
Според животот на браќната двојка Митровиќ може да се сними возбудлив филм. Покрај бројните пикантни детали од нивната биографија, Жељко и Милица својот брак го претставуваат како идиличен иако знаат дека тоа е само претстава за јавноста. Во декември целата Србија ги сожалуваше кога Жељко се вратил дома скршен од погребот на „пријателката“ Ивана Бодрожиќ со која, како што се зборувало, бил во врска седум години. Законската жена го дочекала со бакнежи, што го објавила и на Фејсбук.
Милутин и Драгица Мркоњиќ
Пријателите на Милутин Мркоњиќ велат дека неговата сопруга Даша е болна и дека поради тоа не се занимава со неговиот однос со Ана и не бара развод. Иако веќе десет години тие двајца не живеат заедно, Мрка и понатаму се грижи за својата законска жена. Поранешниот министер потврдува дека не планира да се разведе и покрај фактот што веќе три години е во врска со Ана Бекута.