Јапонскиот златар, Гинза Танака направи реплика од левото стапало на Лео Меси, која ќе биде продедена за 4 милиони евра.
Скулптурата, која е излеана од 25кг чисто злато и е изработена со цел да се одбележи четвртата ’Златна Топка’ што ја освои асот на Барселона, вчера беше претставена во Токио.
’Златното стапало’ ќе се најде на продажба во четврток по цена од 4 милиони евра, дел од парите ќе бидат наменети за фондацијата на Лео Меси, а потоа ќе бидат донирани на децата кои беа погодени од земјотресот и цунамито во Јапонија.
Купувачот заедно со репликата ќе добие и сертификат со потписот на Меси како знак за автентичност.
[youtube]http://youtu.be/3T5UUqkxV_E[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.