Златно Lambo станува најскапиот автомобил во светот

Изработен од чисто злато, платина и дијаманти Aventador LP 700-4 се нуди на продажба во Дубаи,во ОАЕ. Уникатниот автомобил со цена од 7.3 милиони долари аплицира за Гинисовата книга на рекорди – Гинис, со неколку номинации истовремено.

Всушност златното Lamborghini се уште постои само во макети во размер 1:8. Ќе се пресоздава во вистински димензии само по приемот на соодветната надокнада на идниот сопственик.

1

 

Каросеријата на уникатниот Aventador LP 700-4 ќе биде направен од јаглеродни влакна, покриени со 500 килограми злато и украсена со детали од платина. Фаровите на седиштата ќе бидат инкрустирани со 700 дијаманти од највисока класа на чистота. Изработката на автомобилот ќе биде под око на германскиот конструктор Роберт Голпен. Ако се најде купувач кој ќе плати за златното Lambo, тоа ќе стане најскапиот автомобил на планетата и единствениот со такво количество од благородни метали на каросеријата.

2

Неодамна појавија гласини дека најскапиот автомобил на планетата, сепак ќе биде претставен во март следната година од Bugatti. Се зборува дека наследникот на Veyron ќе чини 5 милиони британски фунти (околу 7.7 милиони долари). Засега оваа информација не е потврдена.

3

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -