Златните правила на воспитување од Хипенрејтер

Јулија Борисовна Хипенрејтер е познат руски психолог и семеен психотерапевт, како и автор на многу книги за родителството.

Во книгите таа ги советува и ги подучува родителите како да изградат однос со децата и како да разговараат со нив, со што ќе се подобри меѓусебното разбирање.

1. Прифатете го детето безусловно – тоа не значи да го сакате затоа што е убаво, паметно, вешто, одлично и дека им помага на другите – сакајте го едноставно затоа што постои.

2. Не мешајте се во она што детето го работи доколку не побара помош. Речете му: „Сè е во ред. Секако дека ќе се снајдеш!“

3. Ако на детето му е тешко и е подготвено да ја прифати вашата помош, помогнете му. Притоа направете го тоа што детето не може само да го направи, а останатиот дел нека го направи само. Како што усвојува нов материјал, така постепено оставете да работи само поголемиот дел од времето.

4. Детето еден ден ќе го работи само она што денес го работело со мама. Количината за тоа што сме направиле „заедно“ станува златна резерва за детето, негов потенцијал за блиска иднина.

5. Полека, но сигурно грижата и обврските за сите работи препуштете му ги нему.

6. Личноста и способноста на детето се развиваат само во онаа област што ја избрало самото дете бидејќи тоа го сакало и тоа го интересирало.

7. Не постои ситуација во која детето треба да се удри.

8. Можете да изразите незадоволство поради некои негови постапки, но не поради самото дете. Можете да ги осудите неговите постапки, но не и неговите чувства, колку и да се непосакувани и недозволени. Незадоволството од постапките на детето не смее да биде систематско, инаку се претвора во мака за детето.

9. Гушкајте го детето повеќе пати во текот на денот – 4 прегратки се неопходни чисто за преживување, а за убаво расположение потребни се најмалку 8 прегратки дневно. И тоа не само за детето, туку и за возрасните.

10. Смислете неколку активности со детето или неколку семејни акции кои ќе формираат зона на радоста. Нешто од тоа нека стане „ритуал“, детето нека очекува знаејќи дека сигурно ќе дојдете ако не направи нешто лошо. Откажете само тогаш кога навистина направило нешто лошо.

11. Најдобрата казна за детето е да го лишите од нешто убаво, а да не му направите ништо лошо.

12. Децата треба да се движат, да истражуваат предмети, да ја користат својата сила. Да му забраните нешто е исто како да заградите река. Подобро ќе биде да се потрудите текот да биде удобен, а коритото безбедно.

13. Не само што на децата им се потребни ред и правила за однесување туку тие ги сакаат и ги очекуваат. Така полесно го сфаќаат животот и се снаоѓаат во него, тоа им дава чувство на сигурност.

14. Детето е среќно кога ги разбираме сите негови потреби. Една од најважните е да го истражува светот и да ги споделува впечатоците. Истражувајќи ги своите можности, детето полека ги поместува своите граници. Кога е мало, сака да се качи што повисоко на дрво, а кога ќе порасне, сака да оди со другарите во туѓ двор, па да се врати дома подоцна од обично. Голем дел од ова зависи од тоа како се однесуваат родителите. Проповедањето и забраните се немоќни.

15. Сето она што би сакале да го промениме кај детето најпрво треба да провериме дали треба да го промениме и кај нас. На пример, нашиот педагошки ентузијазам. Веројатно подобро е да го насочиме кон себеси.

- Реклама -