Златниот орел во Скопската Зоолошка Градина угинал како последица на инфекција

Златниот орел во Скопската Зоолошка Градина, угинал како последица на инфекција, покажала обдукцијата извршена во Факултетот за ветеринарна медицина.

Обдукцијата покажала дека златниот орел кој угина во Зоолошката градина – Скопје бил со слабо развиена мускулатура.

Од лешот биле земени материјали за патохистолошко испитување, кое покажало дека златниот орел угинал од како последица на инфективна етиологија. Рентген снимките не покажале присуство на видливо страно тело.

фото: Македонско Еколошко Друштво

- Реклама -