Неофицијална Android апликација за Златна Книга

Неофицијална Android апликација за Златна КнигаБлагодарение на Александар Балаловски деновиве на Android Market се појави мобилната верзија на Златна Книга, апликација која најпрво можеби требаше да ја видиме во официјална верзија.

Апдејт: Апликацијата е извадена од Маркетот бидејќи ги прекршува авторските права. Следете ја дискусијата на Twitter хаштагот #zlatnakniga за повеќе информации и идно развивање на настаните.

Како и да е, апликацијата е тука, па да се надеваме дека Златна Книга нема да ја блокира и да го оневозможи пристапот на илјадници македонски Android корисници до нејзините информации. Сепак, податоците кои оваа апликација ги нуди се јавно достапни, а се генерираат преку веб-страницата на Златна Книга.
Неофицијална Android апликација за Златна КнигаСо едноставен интерфејс и неколку најважни категории на почетната страница, ова е апликација која во движење ќе ви ги даде потребните информации за бизниси, ресторани, хотели, амбуланти и сè што се наоѓа во базата на Златна Книга за подрачјето на Македонија.

Дополнително, ако кликнете на резултатот, ќе добиете екран со местото означено на Google Maps и вашата локација, можност да го посетите сајтот како и директно да свртите на телефонскиот број, што е навистина корисно.

Доколку почесто се јавувате и не би сакале секојпат да ја пребарувате Златна Книга, опцијата „Зачувај“ ќе го внесе името и телефонскиот број во вашиот именик, кој е синхронизиран со Google сметката.
Неофицијална Android апликација за Златна КнигаАпликацијата на Александар може да ја преземете во Маркетот (Zlatna Kniga). Објавена е под GPLv2 лиценца и работи на Android 1.6+. Доколку пак имате забелешки за нејзиното работење, испратете ги вашите коментари до авторот.

- Реклама -