Златан му испраќа тренинг дрес на Клаудио Браво

Златан Ибрахимовиќ реши малку да се пошегува со новиот голман на Манчестер Сити, Клаудио Браво, во пресрет на престојниот натпревар кој треба да го одиграат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити овој викенд, на Олд Трафорд. Имено тој спакува тренинг дрес и на кутијата напиша за кого е наменет.

Е сега, ваквите провокации многу често знаат да им се вратат на грбот на оние кои ги почнале.

Има две ситуации:

  1. Хет-трик на Ибра и заокружување на провокацијата.
  2. Пенал за Јунајтед на резултат 0:1, изведувач Ибрахимовиќ, Браво брани. Браво за Браво.
- Реклама -