Овие фотографии се од мали гратчиња во Шпанија и Франција. Куќите во овие населени места се буквално изградени на работ на високи гребени. И иако погледот од овие куќи можеби е спектакуларен и уникатен, сепак животот во нив не е за оние со слабо срце.
Шпанскиот град Ронда се наоѓа во Андалузија, и е поделен на два дела од клисурата Ел Тахо, длабока околу 100 метри. Градот е поврзан со три мостови: Римски Мост, Стар Мост и највисокиот Нов Мост кој се наоѓа на 120 метри над реката Гуаделевин.
Францускиот град Бонифацио се наоѓа на јужниот крај на островот Корзика. Дел од куќите во овој град се изградени на врвот на гребен кој илјадници години е подложен на ерозија од Средоземното Море.