Ѕирнете во црквата на коските во Чешка

Многумина од вас слушнале дека во Чешка се наоѓа познатата капела на коските, позната и како костурницата во Седлек.

Станува збор за мал мавзолеј во кој се наоѓаат останките од 40.000 до 70.000 луѓе, поразени од црната чума или болестите кои беснееле во текот на 14 и 15 век.

Верувајќи дека капелата е света, многу луѓе од тој период сакале да бидат закопани токму тука, но со толку голема стапка на смртност, за кратко време мавзолејот станал преполн.

Во околу 1500 година, на еден речиси слеп монах му било дадено за задача да ги нареди коските во капелата за да се зачува повеќе простор. Кон крајот на 1800-та година дрварот по има Франтишек Ринт започнал да ги уредува коските во уметнички мотиви.

Прочитајте и:  Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера

Иако на некој начин оваа црква е импресивна, сепак, многумина сметаат дека е навистина морбидна. Токму поради тоа, костурницата е една од најпосетените туристички атракции во Чешка, која привлекува повеќе од 200.000 љубопитни посетители годишно.

20131011-kosturnicata-vo-sedlek-crkvata-na-koskite-1 20131011-kosturnicata-vo-sedlek-crkvata-na-koskite-3 20131011-kosturnicata-vo-sedlek-crkvata-na-koskite-5 20131011-kosturnicata-vo-sedlek-crkvata-na-koskite-7 20131011-kosturnicata-vo-sedlek-crkvata-na-koskite-11 desktop-1409323305 desktop-1409323307 desktop-1409323310 desktop-1409323312 desktop-1409323315 desktop-1409323316 desktop-1409323317 desktop-1409323320 desktop-1409323322 desktop-1409323324 desktop-1409323327 desktop-1409323329 desktop-1409323330 desktop-1409323332 desktop-14093233243

- Реклама -