Кајне Вест отворено кажува дека не сака да има работа со реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“, но сега е вовлечен во него на голем начин.
Во новата најава на новата епизода од реалното шоу на семејството Кардашиан, беше откриено не само официјаното запросување на Кајне и Ким, туку поканиле и камермани во новата куќа во Лос Анџелес мега пансионот кои ќе го делат со својата нова сопруга.
11 милионската куќа со пет спални сеуште е под реконструкција со изложени дрвени греди и бетонски подови. Но, очигледно е дека ќе биде една од побогатите куќи од сосетсвото во Бел-Ер. Ким објаснува дека куќата нема да биде готова до јуни идната година.
Исто така објавени се фотографии од неговот запросување на Ким, и Кајне додал: „Безразлика како е снимано, мислев дека ова е момент кој таа би сакала го сподели, и го документирав во реалното шоу.“ Погледнете.