Ѕирнете ги Гинисовите рекордери во скокање јаже

Гледате 14 деца. 14 ученици од основното Fuji Municipal Harada Elementary School во Шизуока, Јапонија. Секој од 12-те скокачи (двајца го вртат јажето, нели) го скока јажето по повеќе од 18 пати во една минута. Со тоа поставија нов Гинисов рекорд по бројот на тимски скокови преку јаже во една минута.

Вкупно скокаат 225 пати. Претходниот рекорд беше 217 пати, поставен во 2013-та.

Деца скокаат јаже низ целиот свет, но претежно за забава. Во Јапонија, пак, неретко, се смета за сериозен спорт. Не за џабе толку често рушат рекорди.

Ќе ви изгледа многу откачено. Ќе мислите дека видеото е забрзано. Не е. Објавено е на официјалниот YouTube канал на Гинис.

- Реклама -