Адреналинската жичница која требаше да се спушта од Музејот на современа уметност преку Вардар до Градскиот парк во близина на стадионот беше најавена уште во март, но досега не само што не се изгради, туку сé уште не е распишан ни тендер за изведувач на градежните работи.
Причината за одложувањето на изградбата на идната туристичка атракција – според Град Скопје, која ќе чини од 2 до 3 милиони денари, е тоа што првиот проект бил промашен, па се правел нов, пренесува порталот СДК.мк. Повеќе детали прочитајте на ЛИНКОВ.